Турција го ограничува пловењето на трговски бродови во Црното Море преку Дарданелите
Турција го ограничува пловењето на трговските бродови во Црното Море преку Дарданелите поради чести напади со беспилотни летала, објави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
„Турција го ограничува преминот на трговски бродови кон Црното Море преку Дарданелите поради чести напади со беспилотни летала врз трговски бродови, вклучително и бродови во сопственост на турски компании. Според изворите, Генералната управа на турската крајбрежна стража ги информирала неколку бродови што се упатуваат кон рускиот Новоросијск дека во моментов не издава дозволи за премин по такви рути или дека е потребно дополнително време за да се разгледаат барањата за транзит низ Дарданелите“, истакна агенцијата.
Изворите наведоа дека турските власти не ги објасниле причините за воведените ограничувања. Тие исто така наведуваат дека некои бродови добиле известувања дека ограничувањата се прошируваат на рутите кон Украина.
Ограничувањата, како што се посочува, би можеле да создадат дополнителни тешкотии за светската трговија, со оглед на веќе постојните прекини во снабдувањето со нафта поврзани со конфликтот околу Иран и намалувањето на обемот на транспорт преку Ормуската теснина.