Турција е втора најпосетувана дестинација во Европа


Со подемот на туризмот во 2023 година, бројот на посетители во Европа конечно е на ниво пред пандемијата. Сите дестинации бележат пораст на меѓународните туристички пристигнувања и многу се променија. Туристите сега внимателно избираат каде ќе патуваат, во мода се помалку познатите дестинации, а се се сведува на искуството што можат да го имаат на одмор.

Тоа го потврдува и фактот што Франција, инаку втората најпосетувана земја на Стариот континент, повеќе нема да биде на тоа место.

Турција забележа раст од 73 отсто на бројот на туристи во однос на 2019 година, што е неверојатен резултат. Токму тоа ја позиционира на исклучително високо место, бидејќи Турција може да стане втора најпосетувана дестинација во Европа, што би ја тргнало Франција од тоа место.

Иако вкупниот број на посети во Европа падна за 3% во однос на 2019 година, Турција забележа вртоглав пораст. Тоа зголемување ги надминува двата најголеми европски пазари, Франција и Шпанија, кои постигнаа раст од 33% и 31%, соодветно, во споредба со 2019 година.

Овој резултат е донекаде очекуван. Брегот на Турција има кристално чиста вода и врвни одморалишта, земјата стана поприфатлива алтернатива на италијанската ривиера или францускиот Азурен брег.

Истанбул привлекува туристи со своите раздвижени населби и спектакуларната исламска архитектура, додека Ефес на западниот брег е античко чудо на колосални споменици. Во срцето на Турција, тие можат да го видат неверојатниот пејзаж на Кападокија од балон и да престојуваат во хотел издлабен од карпите.

Интересно е да се забележи дека Хрватска е десетти по големина пазар во регионот. Очекуваниот пораст за 2024 година во однос на рекордната 2019 година би требало да изнесува дури 51%, наведува Euronews.