Турци од Германија се обиделе да пренесат преку 200.000 евра зашиени во елек (Фото)


 

Српските цариници на граничниот премин „Хоргош“ кај двајца Турци кои од германија патувале во својата земја, нашле околу 200.000 евра сошиени во елек.

Имено, двајцата се возеле во „мерцедес“ со германски регистарски таблички.

Возачот на 42-годишна возраст рекол дека има 4.500 евра, а совозачот 18.800 евра и 450 долари, за кои додал дека за него тие немаат парична вредност туку му се некој вид амајлија, кој му носи среќа.

Сепак, кај 47-годишниот совозач цариниците нашле вкупно 192.545 евра и споменатите „среќни долари“.

Купчињата пари биле сошиени во неговиот елек, а помал дел во торбата за лап-топ.

Цариниците им оставиле по 10.000 евра, колку што смеат во кеш да пренесат преку граница, а заплениле речиси 173.000 евра, кои заедно со автомобилот и со патниците ги презел полицијата и обвинителството. Српските медиуми потсетуваат дека на овој граничен премин минатиот викенд во два прекршоци задржани се повеќе од 600.000 евра.