Тур де Франс: Примож Роглич ја покажа класата – го освои првиот планински врв


Примож Роглич (Јумбо-Висма) ги отфрли сомнежите околу неговата подготвеност за врвот Орсиере-Мерлет, победувајќи на првиот планински финиш на Тур де Франс, додека Жулијан Алафилип (КвикСтеп) ја задржа жолтата маичка.

Словенецот Роглич, кој мораше да ја напушти трката Критериум Дофин пред две недели по тежок пад, произведе силно забрзување на последните 150 метри од искачувањето откако неговиот колега од тимот, шампионот на трката Милано-Сан Ремо, Вут Ван Аерт, го постави темпото на горната секција од последното искачување.

Ова беше 1-2 победа на Словенците, затоа што неговиот сонародник Тадеј Погачар (Тим Емирати) беше блиску на второто место, додека Алафилип мораше да се задоволи со петтото место, зад Гијом Мартин (Кофидис) и Наиро Кинтана (Аркеа-Самсик).

Французинот ги испушти бонус секундите, но останува во жолтата маичка, веднаш зад него е Адам Јејтс (Мичелтон-Скот) кој на денешната етапа заврши на 10-тото место. Јејтс останува втор со заостаток од четири секунди, но Роглич, кој доби 10 секунди бонус за победата, сега е трет со минус седум секунди. (Сајклинг њуз)