Тур де Франс: Алафилип зеде вода во последните 20 км и ја загуби жолтата маичка


Адам Јејтс, новиот носител на жолтата маичка (Фото: Гети)

Адам Јејтс (Мичелтон-Скот) е новиот лидер во трката на Тур де Франс, откако комесарите на трката му изрекоа временска казна на Жулијан Алафилип (Декенинк-КвикСтеп) за нелегална храна во последните 20 километри од етапата 5.

Французинот имаше предност од четири секунди пред Британецот уште од етапата број 2, каде ја однесе својата петта етапна победа на Тур де Франс. Снимките покажаа дека Алафилип зема шише на 17,1 км до целта за време на мирната петта етапа.

Прописите на УЦИ наведуваат дека „неовластено хранење“ во последните 20 километри од етапата носи казна од 200 швајцарски франци и временска казна од 20 секунди. Затоа, Алафилип ќе падне на 16-то место во генералниот пласман.

„Очигледно зедов храна во неовластена зона“, рече Алафилип по завршувањето. „Тоа е казна од 20 секунди, па затоа е Јејтс во жолтата маичка. Тоа е одлука на поротата, така што не можам да направам ништо во врска со тоа“.

„Воопшто не. Воопшто не“, додаде тој на прашањето дали чувствува дека направил нешто погрешно.

„Тоа беше многу долга и многу здодевна етапа, со многу нервозно финале. Морав да останам концентриран да ја бранам маичката и да се обидам да ја освојам етапата со Сем [Бенет], кој е во зелена маичка, што е добра вест. Но, ако е така, тогаш нема грижи, утре ќе се вратам и нема да зборуваме повеќе за тоа“.

Јејтс рече дека тоа не е начинот на кој тој би сакал да ја освои жолтата маичка, додавајќи дека тој ќе продолжи да цели на етапните победи – неговата цел на овој Тур.

„Мислам дека ниеден возач не би сакал да ја земе маичката вака“, рече тој. (Сајклинг њуз)