Туна среќна како мајка: Синот Тиан славеше 3 години


Поп-пејачката Алтуна Сејдиу- Туна сподели фотографии на социјалните мрежи од прославата на третиот роденден на синот Тиан кого го има со партнерот Патрис. Вели, гледањето како Тиан расте и е најпрекрасното искуство во животот.

Грижата околу синот, не ја спречуваше Туна претходно да води живот од соништата исполнет со луксузни патувања и парчиња во гардероберот од најпознатите светски модни брендови. Таа исто така ги следеше светските трендови и кога се фотосесиите во прашање. Туна позираше речиси гола во поодмината бременост во стилот на Бијонсе, а ги изненади фановите со професионална фотосесија во када со нејзиниот син во прегратки. Фотографиите ги направи фотографот Норик Ука.

Кога се породи, пејачката се обидуваше и да го крене јавното мислење на одредени теми, како што е доењето во јавност, па објави фотографија на која го дои Тиан.

Туна, ќерка на поранешниот олимписки борач Шабан Сејдиу кој го освои бронзениот медал на две Олимпијади (1980 и 1984) за Југославија, со кариерата беше фокусирана на Косово и Албанија, како поконкурентни и се повлече од македонската естрада. Се прослави во музичкото шоу „Плеј-потрага по ѕвезда“ со нумерата „Најди ден, најди ноќ, најди време“. Сними повеќе песни на македонски јазик, а се натпреваруваше и на националниот евровизиски избор со песната „Прашувам без глас“.

Во 2010 година се омажи за Рилинд Река, син на поранешниот македонски амбасадор во ЕУ, Блерим Река, од кого набргу се разведе.