Тројца владици ќе одат на погребот на бугарскиот патријарх Неофит, но не и поглаварот Стефан


 

Црковна делегација од тројца митрополити ќе ја претставува МПЦ-ОА на погребот на починатиот бугарски патријарх Неофит, дознава специјализираниот портал „религија“.

Според овие информации во Софија сепак нема да патува архиепископот Стефан, а МПЦ-ОА ќе ја претставуваат владиците Тимотеј, Петар и Иларион.

За време на неговото чело на Синодот, тој беше зачетник на идејата Бугарската православна црква да стане црква-мајка на МПЦ-ОА. Тоа не се случи, но во 2022 година синото на БПЦ ја призна македонската црква. Во 2022 година, патријархот Неофит ја нарече Русија агресор поради започнатата војна против Украина.

БПЦ веќе соопшти дека опелото на Неофит ќе го изврши вселенскиот патријарх Вартоломеј, а ќе учествуваат и претставници на помесните православни цркви кои ќе испратат свои делегации.

На погребот на Неофит утре ќе има претставник на Московската патријаршија – митрополитот Корсонски Нестор, а митрополитот Епифаниј, кој без да биде официјално признат ќе ја претставува Православната црква на Украина.

Денеска дестеици илјади луѓе поминаа покрај одарот на починатиот Неофит, а во црквата „Александар невски“ беа првите луѓе на бугарската држава, вклучувајќи го и претседателот Румен Радев. Неофит ќе биде погребан веднаш зад гробот на егзархот Јосиф.