Тројца тинејџери убиле бездомник во Германија, еден од нив снимал сè


Тројца тинејџери се уапсени како осомничени за убиство на бездомник во Германија, кое можеби еден од нив го снимил, соопштија вчера германските власти, пренесува Асошиетед прес.

Изгледа случајно се сретнале

 Случаен минувач го пронашол телото на бездомникот во четвртокот на ливада во Хорн-Бад Мајнберг, град во рурална област во западна Германија.

Полицијата и обвинителството вчера преку соопштение соопштија дека како осомничени се уапсени 14-годишно момче и две 15-годишни момчиња.

Оттаму додаваат дека се чини дека осомничените и убиениот случајно се сретнале и дека тинејџерите имаат видео од делото за кое веруваат дека е снимено и објавено од еден од осомничените.

Обвинителот Александар Герлиц изјави за германската новинска агенција dpa дека двајцата постари осомничени признале дека употребиле насилство врз жртвата.