Тројца соработници на потпретседателот на САД се заразени со Ковид-19

Тројца блиски соработници на американскиот потпретседател Мајк Пенс се позитивни на новиот коронавирус, но самиот Пенс не е заразен. Според Си-Ен-Ен, тој „продолжува да работи на бројни предизборни активности“.

Марк Шорт, шеф на персоналот во Кабинетот Пенс, кој важи за еден од најголемите скептици во врска со ефективноста на вонредните анти-корона мерки, беше тестиран позитивен, имаше симптоми и е во самоизолација.

Мати Обст, близок соработник и советник на потпретседателот на САД, кој го придружуваше Пенс на бројни изборни патувања во минатото, исто така е позитивен на Ковид-19.

Друго, трето лице од најблискиот круг на соработници на Пенс е исто така позитивно на вирусот, но Си-Ен-Ен не успеа да дознае за кого станува збор.

Мајк Пенс и неговата сопруга беа тестирани синоќа и двајцата се негативни, тврдат претставници на Белата куќа.