Тројца приведени за напад на службено лице


Две лица од струшкото село Џепин и еден стружанец се приведени вчера поради напад на службено лице.

СВР Охрид денеска соопшти дека околу 17 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со напад врз службено лице при вршење службени дејства.

– Приведени се А.К.(38), Д.К.(35), двајцата од струшкото село Џепин и Л.Б.(29) од Струга. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.