Тројца повредени во три одделни сообраќајки


 

Во изминатово деноноќие се случиле три сообраќајни незгоди во кои настрадала жена – пешак, возач и мотоциклист.

Во четвртокот, во 10.45 часот на крстосница од улиците „Партизанска“ и „Ванчо Китанов“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.П.(19) од срло Таринци, општина Карбинци, удрило во пешакот М.М.(59) од Штип. М.М. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Истиот ден, во 18.50 часот на ул.„Московска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(49) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.С.(46) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Додека во 19.40 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај село Добарце, патничко возило „БМВ“, управувано од А.М.(42) од Скопје, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.