Тројца новозаразени со Ковид-19, шест излекувани, нема починати


Фото: Б. Грданоски

Од направени 1.342 тестирања, во последните 24 часа регистрирани се три нови случаи на Ковид-19, сите во Скопје, има шест оздравени пациенти, од кои по двајца се од Скопје и Тетово, а по еден од Кочани и Кичево. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица, информира Министерството за здравство.

Досега во земјава се направени 874.236 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.

Од направените 1.342 тестови преку: ИЈЗ-30, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–1, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-76, Биотек-74, Систина-60, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-145, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 890.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68.662, Активни 89

Куманово 8.882, Активни 24

Прилеп 8.327, Активни 18

Тетово 7.248, Активни 20

Битола 6.306, Активни 8

Велес 5.473, Активни 5

Гостивар 5.181, Активни 7

Кавадарци 5.154, Активни 1

Охрид 5.019, Активни 17

Штип 4.961, Активни 1

Струмица 4.119, Активни 6

Струга 2.981, Активни 0

Кочани 2.792, Активни 0

Кичево 2.596, Активни 15

Гевгелија 2.195, Активни 0

Неготино 2.184, Активни 0

Свети Николе 1.524, Активни 1

Ресен 1.234, Активни 0

Крива Паланка 1.227, Активни 4

Радовиш 1.161, Активни 0

Берово 1.029, Активни 0

Делчево 973, Активни 0

Дебар 942, Активни 1

Виница 886, Активни 2

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 666, Активни 0

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 0

Демир Хисар 400, Активни 2

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 377, Активни 3

Македонски Брод 359, Активни 1

Пехчево 268, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 0

Дојран 132, Активни 0.