Тројца мртви во пукотница во холандски град


Тројца загинаа, а уште еден е сериозно ранет во пукотница во холандскиот град Дордрехт, соопшти тамошната полиција.

Голема полициска акција е спроведена по пукањето.

полицијата на Твитер напиша дека има жртви, а според непотврдени информации пукањето се случило во домот на полицаец.

Градоначалникот Вотер Колф на Твитер напиша дека се работи за многу сериозен инцидент, што се случил околу 6.30 часот.

– Многу луѓе се на терен и истражуваме што се случило, вели полицискиот портпарол.

Според првичните информации полицијата била повикана поради две исчезнати деца, кои подоцна биле лоцирани. Не се знае дали тие биле поврзани со пукањето.

Областа каде се случило пукањето е затворена, а на терен се многу сервисни возила.

Инцидентот се случил во мирна населба.