Тројца мигранти од Авганистан пронајдени близу границата со Грција – еден од нив имал прострелна рана
Ноќеска околу 01:30 часот во близина на граничната линија со Грција, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица биле пронајдени три лица мигранти од Авганистан, кои биле спроведени во Прифатно– транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.
Во полицискиот билтен се посочува дека, бидејќи едно од лицата имало повреда на раката, било пренесено во Итна медицинска помош, каде му била укажана помош.
Лекар констатирал дека повредата била од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.