Тројца малолетници претепале 15-годишник во Германија – најден на гробишта


 

На гробиштата во германскиот Херне, кој се наоѓа меѓу Бохум и Гелсенкирхен, најден е тешко повреден 15-годишник. Германски Ер-те-ел пишува дека за нанесување тешки повреди, поради кои малолетникот е во животна опасност, осомничени се три момчиња од 12 до 13 години.

Полицијата вели дека тинејџерот во саботата рано наутро се скарал со осомничените кои го турнале на земја, го удирале со ноже и на крај побегнале. Истрагата засега покажала дека тие се познавале и се дружеле цела ноќ.

Сведок го пронашол повреденото момче и повикал итна помош, која го однела во болница.

„Подоцна мораше да биде префрлен во специјализирана клиника во Бохум поради тежината на повредите. Неговиот живот е загрозен, но засега е стабилен. Полицијата уште не успеала да го испраша“.

Едниот осомничен има 12, а другите двајца 13 години

Против еден 12-годишник и двајца 13=годишници покрената е постапка за обид за убиство. Осомничените наводни отпорано ѝ се познати на полицијата, а поради нивните години случајот ќе го преземе државното обвинителство.