Тројца малолетници избодени од малолетник и уште едно лице во Центар


Фото: Б. Грданоски

Во средата, полициски службеници од СВР Скопје  привеле 16-годишен малолетник поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво во обид на 28.08.2023 околу 20.30 часот кога во трговски центар на подрачје на Центар, заедно со уште едно лице со остар предмет нападнале тројца малолетници од Скопје и им нанеле повреди.

Против малолетникот е поднесена кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје.