Тркалезна маса „Транспарентноста и соработката на Уставниот суд на С. Македонија со новинарите и граѓанските организации“
Во организација на Институтот за човекови права (ИЧП) денеска во Скопје ќе се одржи тркалезната маса на тема „Транспарентноста и соработката на Уставниот суд на Република Северна Македонија со новинарите и граѓанските организации“.
Целта на настанот, како што информираат од ИЧП, е да се организира дискусија со цел да се елаборираат актуелните состојби и предизвици поврзани со транспарентноста на Уставниот суд, соработката со новинарите и граѓанскиот сектор во земјава и барањето за заштита за слободи и права.
Според агендата, на настанот ќе се обратат претседателка на ИЧП и поранешен судија на ЕСЧП и Уставниот суд на БиХ, Маргарита Цаца Николовска, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, поранешната уставна судијка и професорка по трудово право Гзиме Старова, поранешниот судија на Уставниот суд Игор Спировски, адвокатот Жарко Хаџи-Зафиров, новинарката Гордана Дувњак и претседателка на МЗМП, Александра Цветановска.
Настанот е дел од проектот „Уставниот суд – заштитник на владеењето на правото“, кој е финансиран од Амбасадата на Холандија.