Триста воени медицински лица од НАТО и ЕУ одат да и помогнат на Чешка во борбата против корона вирусот

Чешката Влада одобри план за 300 здравствени лица од земјите на НАТО и ЕУ да допатуваат во Чешка и да и помогнат на земјата поради зголемениот број на пациенти со корона вирус.

Дневниот пораст на нови случаи на корона вирус вчера се искачи на речиси 15.000 во средата., што е скоро 3.000 повеќе од претходниот рекорд поставен ден порано.

За планот сè уште е потребно одобрување од парламентот, бидејќи станува збор за припадници на странски вооружени сили. Тие ќе им помогнат на своите чешки колеги во Воената болница во Прага и во полската болница што војската ја гради за 500 пациенти.

Првата група од 28 лекари од Националната гарда на САД треба да пристигне следната недела.

Владата доби и 600 респиратори и друга медицинска опрема потребни во единиците за интензивна нега. Министерот за одбрана Љубомир Метнар вели дека НАТО ќе испрати уште 60 респиратори.

Чешка веќе два месеци се соочува со скок на инфекции, а третина од случаите се регистрирани во последните седум дена. Вкупно се потврдени 208.915 случаи и 1.739 смртни случаи.