Трипуновски ќе прави бренд од преспанското јаболко


Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на денешната средба со откупувачите и земјоделците во Ресен.

На средбата, информираат од МЗШВ, се говореше за откупот на конзумно и индустриско јаболко.

-Од страна на откупувачите и земјоделците беа предложени и идеи како да се подобри ситуацијата со откупот на конзумно и индустриско јаболко пред неговото официјално започнување, велат од МЗШВ.

Министерот Трипуновски, додаваат, им вети на земјоделците дека со работа и мерки ќе запре намалување на површините под јаболков насад и дека нема веќе да има неоткупено македонско јаболко.

-Работиме преспанското јаболко да остане бренд, а земјоделците од Преспанскиот регион да бидат ценети за она за кое во текот на целата година се вложуваат и напорно работат, истакна Трипуновски.