Трилерот на Супербоул е најгледаната програма досега во Америка


 

Мечот меѓу Канзас и Сан Франциско го гледале во просек 123,4 милиони гледачи

Најдолгиот меч Супербоулот ќе биде и најгледана програма во историјата на телевизијата.

Според „Нилсен“ и „Адобе аналитикс“, победата на Канзас Сити во продолжение од 25:22 над Сан Франциско во неделата навечер имала просечни 123,4 милиони гледачи низ телевизиските и стриминг платформите. Тоа ја урна минатогодишната граница од 115,1 милиони за победата на Канзас Сити во последниот натпревар над Филаделфија и е зголемување од 7%.

Мечот беше емитувана на телевизија од CBS, Nickelodeon и Univision и се емитуваше на Paramount+ како и на дигиталните платформи на NFL.

„Нилсен“, исто така, рече дека рекордни 202,4 милиони гледале барем дел од играта низ сите мрежи, што е скок од 10% во однос на минатогодишната бројка од 183,6 милиони.

Емитувањето на CBS во просек изнесуваше 120 милиони. Претходната оценка на мрежата за нејзиниот најгледан Супербоул беше 112,34 милиони за натпреварот помеѓу Денвер Бронкос и Каролина Пантерс во 2016 година.

Натпреварот во неделата беше само вториот од 58-те Супербоули што отиде во продолжение. Претходниот беше во 2017 година, кога Њу Ингланд се врати од негатива од 28-3 и ја победи Атланта со 34-28.

Овој Супербоул имаше дополнителна привлечност бидејќи беше прусутна Тејлор Свифт. Поп-ѕвездата е во врска со играчот на Канзас, Тревис Келсе, романса која донесе нови фанови во НФЛ.