Трилер завршница на Евровизија: Од втора, Македонија на крајот заврши како осма


Холандија вечерва победи на Евровизија со пејачот Данкан Лоренс. Македонија, по гласањето на стручното жири, заврши како втора, но потоа следуваше гласањето на публиката и на крајот заврши како осма, што сепак претставува најдобар пласман за нашата земја на Евросонг.

Тамара во првиот дел од гласањето освои 237 гласа, со само два бода помалку од водечката Шведска, но во гласањето од публиката добивме скромни 53 бода, што на крајот нѐ постави осмо место.

Песната „Proud“ е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот, а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска.

Во продолжение погледнете ја феноменалната изведба на Тамара на песната „Proud“.