Тригодишно девојче почина од Ковид-19 во Белгија


 

Белгиските здравствени власти соопштија денеска дека девојче на возраст од три години починало од корона вирусот.

Бројот на случаи на заразени со корона вирус во Белгија порасна за 89 отсто во однос на претходната седмица.

Белгоските власти ги зголемија ограничувањата за да го успорат ширењето на вирусот, вклучувајќи и задолжително носење маска на јавни места каде има метеж, јави АП.

Белгија е силно погодена од епидемијата со 64.847 заразени и 9.812 смртни случаи.