Трибина „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“


Отворена трибина насловена „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“ ќе се одржи денеска во 18 часот во Младинскиот културен центар, во Скопје.

Воведен збор на форумот ќе има професорката Елка Јачева – Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а презентери се Лазе Трипков (глаголица) и Ласко Џуровски (кирилица)

-Во воведното излагање Јачева –Улчар ќе се осврне врз глаголицата и кирилицата како две азбуки што егзистирале и егзистираат на наша почва од јазично-историски аспект. Трипков преку презентација посветена на глаголицата ќе ни ги прикаже глаголските букви низ сопствената визура и нивното симболичко значење. Џуровски, пак, на презентацијата на македонската кирилица ќе ни ги посочи предизвиците со кои се соочува таа во дигиталната ера и ќе ни понуди неколку решенија за нивно надминување, наведуваат од МКЦ.

Трибината кореспондира со изложбата „Македонска глаголица. Македонска кирилица“ на авторите Трипков и Џуровски, која на 28 февруари беше отворена во Галеријата на МКЦ.