Три титули за Македонија во Банско: Садат Јакупи е детски мистер галакси за 2019

Садат Јакупи (8) од Скопје победи во својата возрасна категорија на детскиот избор на убавина „Мис и мистер галакси“ за 2019 што се одржа во Банско, Бугарија.

Со својата убавина, шарм и сини очи ја освои и титулата топ-модел галакси за 2019.

На изборот и нашиот национален директор Мики Црнокрак доби титула за најдобар национален директор, трета година по ред.

Садат на изборот се претстави и во македонска носија, благодарејќи на  “Ансамбл Кочо Рацин” од Скопје.

loading...