Три типа на корона вирус се шират по светот: Тип А е најлесен и се шири во САД, а низ Европа се шири тип Ц


Новата мала студија открила дека новиот вирус корона досега мутирал на 30 различни типа мутации.

Тим истражувачи од универзитет во Кина велат дека има десетици мутации на новиот корона вирус. Најопасните, велат тие, се пријавени во Кина, а мутациите слични на нив се шират низ цела Европа, пренесува “South China Morning Post”.

Слаби секвенци на овој вирус, велат тие, се пријавени во Америка.

Постојат, велат научниците, тип А, кој е оригиналниот вирус што скокнал од лилјаците кон луѓето. Овој тип не бил најчест во Кина, што ги изненади многумина. Во Кина, велат научниците, најпопуларниот вирус од корона е тип Б.

Тип А е далеку доминантен во Австралија и Америка. Две третини од тестираните Американци имаат вирус тип А.Д-р Питер Форстер вели дека вирусите од типот Б се вообичаени во Англија и дека три четвртини од тестираните пациенти има токму тој вид вирус. Покрај тоа, од Швајцарија, Германија, Франција, Белгија и Холандија доминираат вируси од типот Б.

Тип Ц еволуираше од Тип Б и дојде во Европа преку Сингапур, велат научниците. Тип Ц ја погоди и Италија.

Научниците веруваат дека вирусот САРС-КоВ-2 постојано мутира за да се прилагоди на различните имунолошки системи. Она што досега го заклучија е дека Америка е погодена од најслабиот вид вирус, додека пак потешкиот и смртоносен ја погоди Европа.