Три сестри (9, 8 и 5) пронајдени мртви во езеро во САД


 

Три сестри на возраст од девет, осум и пет години, пронајдени се мртви, откако се оддалечиле од својот дом во тексас, додека ги чувала семејна пријателка.

Зи Ариел Робинсон Оливер, Амија Хјуџис и Темари Робинсон Оливер, пријавени се за исчезнати во петокот навечер. Нурчачки тим ги извлече нивните тела од приватно езеро на соседниот имот, неколку часа подоцна. Причината за нивната смрт не е откриена.

Прогласени за исчезнати, па најдени сво езеро близу пат

Трите девојчиња исчезнале од дома околу 22 часот во петокот, по што почнала потрагата.

Дадилката ги чувала, додека нивната мајка била на работа. Откако исчезнале, итните служби биле известени дека девојчињата се пронајдени во езерото во близина на автомобилскиот пат 77 околу 2 часот утрото во саботата. Полицијата својата потрага ја насочила кон езерото откако нашле пар чевли и други делови од облека во близина на водата.

„Пронајдовем облека околу езерото и во езерото“, велу управителот на тексашкото ловиште.

„Значи, потрагата ја насочивме околу малата водена површина и со помош на нуркачи уиспеавме да ги извлечеме трите жртви во два часот утрото“, додава тој.