Три претстави вечерва на 46. МОТ
Во рамки на 46-то издание на Младинскиот отворен театар вечерва на програмата се три изведби кои ги претставува Локомотива – Скопје, Центар за нови иницијативи во уметноста и културата.
Станува збор за премиера на „Силата на С” на Александар Георгиев (Северна Македонија, Бугарија и Шпанија), „Поезис на себството“ на Снјежана Премуш и Рок Вевар (Словенија) и Танцувај, танцувај, инаку сме изгубени („DOWL“) на Соња Преград (Хрватска).
„Силата на С“ е во авторство режија и кореографија на Александар Георгиев во соработка со Жана Пенчева од Бугарија и Дарио Барето Дамас од Шпанија. Улогите ги толкуваат Дарио Барето Дамас, Жана Пенчева и Александар Георгиев. Музиката е на Цветан Момчилов, а графички дизајн на Ѓорѓи Десподов
-„Силата на С“ произлегува како еден од резултатите од кореографското истражување „КО-серии“ на кореографот Александар Георгиев, кое се занимава со праксата на ко-егзистирање преку кореографија и танц, а ова дело се занимава со истражување на делови од телото кои се покриени, срамни или цензурирани, и им дава поинаков визуелнен и афективен однос, се наведува за претставата.
Оваа претстава на МОТ е поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија и Град Скопје.
Авторка и режисерка на „Поезис на себството“ е Снјежана Премуш. Претставта е создадена и ја изведуваат Снјежана Премуш и Рок Вевар кои се и автори на текстовите, а во продукција на Федерација Институт Љубљана и копродукција на Бункер, Љубљана
За „Поезис на себството“ се посочува дека е неконвенционален танцово-теориски настан што експериментално, информативно и метафорично ги претставува пред гледачот релациите помеѓу телото, просторот и физичките закони кои управуваат со двете материјалности. Настанот користи комбинација на различни уметнички средства и елементи (предмети, тела, слики и јазични особености) и серија едноставни кинетички елементи и дејства во просторот. На извесен начин, пред гледачите ги изложува резултатите од неколкумесечниот процес, со што ја напушта веројатноста дека гледачите би следеле исклучиво оддалеку.
-Поезисот на себството се откажува од аспирацијата да припаѓа на конкретен танцов стил, која вообичаено е поврзана со прашањето за танцовиот идентитет (Што е тоа конкретен танц?) и првенствено се интересира за она за кое телото е способно и начините на кои може да го стори истото. Во овој контекст, кореографската танцова композиција се среќава со сетилната телесна композиција (она од кое се составени нашето тело и неговите движења) и најпосле, социјалната композиција last but not least
the social composition, as it connects the audience in a different way, стои за претставата.
Предавањето-перформанс, „Поезис на себството“, беше рангирано меѓу ТОП 9-те перформанси во 2016. Во 2017, Сњежана Премуш ја доби наградата Ксенија Хрибар за перформансот како дел од долготрајниот истражувачки проект „Физички манифестации“. Во 2018, беше претставен во вид на документарна изложба насловена „Телото како архива“ во МСУМ/ Препих, а во 2020 како публикација, танцово-феноменолошко четиво и работна книга.
Танцувај, танцувај, инаку сме изгубени („DOWL“) е претстава на Соња Преград од Хрватска, која е автор и режисер. Музиката е на Ника Печарина, а костимографија на Теа Кантоци. Настапуваат Ивана Бојаниќ, Викторија Бубало, Лана Хосни, Ана Јаворан, Ана Мрак, Ева Приечкова, Соња Преград.
Продукција: Četveroruka во рамки на Антисезона 21 (во соработка со Музејот на современа уметност во Загреб) и резиденцијалниот истражувачки фестивал Платформа, ХР. Овозможено е преку поддршка од Министерството за култура на Град Загреб, Танцовиот центар „Тала“, и Киоск Киоск фестивалот Жилина (Словачка)
Оваа претстава е дел од проектот НАМ и е ко-курирана од Ана Дубљевиќ, Викторија Илиоска и Соња Преград, со Биљана Тануровска – Ќулавковски, а во организација на Локомотива. Програмата на Локомотива на МОТ развиена преку (Non) Aligned Movements проектот и поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија, Град Скопје, и Креативна Европа/Европски проекти на соработка во Западен Балкан.