Крлиу Ханџиски, Војновиќ и Вукиќевиќ нови членови на Одборот на директори на „Македонија 2025“


„Македонија 2025“ денеска објави именување на три нови членови на Oдборот на директори, со што бројот на членови се зголеми на осумнаесет.

Станува збор за Венера Крлиу Ханџиски, заменик извршен директор, главен оперативен директор, Потпретседател на Одборот на директори и Проректор за образование на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, за Ѓорѓе Војновиќ, извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, Претседател на Здружението на финансиски организации при Стопанската комора, поранешен професионален кошаркар и за Радош Вукиќевиќ, генерален директор на винаријата „Тиквеш“.

„Овие импресивни лидери ја прошируваат широчината и длабочината на нашата способност и знаење како организација и знам дека секој од нив лично ќе придонесе за да помогне во остварувањето на нашата мисија и влијание“, рече Мајкл Чкламовски, Претседавач на Одборот на директори на „Македонија 2025“.

„Македонија 2025“ е непрофитна, неполитичка организација со примарен фокус на економски и лидерски развој, која соработува со бизнис секторот, владата и академијата, со цел генерирање можности и градење капацитети за економски раст, на тој начин помагајќи во градењето на посилна нација. Основана во 2007 година од македонски иселеници, а целта е да се поттикне одржлив економски раст што ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори.