Три најлоши намирници за срцето


Македонците ги обожаваат овие намирници, но кардиолог истакнува дека тие се убедливо најлоши за здравјето на срцето.

Ниту една пржена храна не е здрава за срцето поради високите нивоа на заситени и транс масти, но првото место на листата на најлоши намирници за срцето е убедливо помфритот.

Лекарите посочуваат дека таквата храна треба да ја избегнуваме, без разлика на тоа колку години имаме. Велат дека ниту една храна не може само да предизвика срцев удар и наеднаш да го запре срцето, но дека е подобро да се јадат во умерени количини. Ова правило треба да го почитуваат сите кои не можат без следните намирници.

Инаку, доколку ги јадете често и доста долго, овие намирници се главниот виновник за кардиоваскуларните заболувања. Ова се најлошите намирници за здравјето на срцето:

 

Помфрит

Помфритот дефинитивно се издвојува како најлош.

„Тоа е како да сте зеле парче чисти јаглехидрати, потоа го испржиле и добро го посолеле“, објаснува кардиологот Џеф Етертон, доктор на науки, истакнувајќи дека „проблемот е што нашите тела копнеат за натриум и лоши масти“.

Како што вели, обидете се да го замените помфритот со здрави грицки од растителна основа.

Преработени месни производи, особено колбаси

Лекарите забележуваат дека храната која вклучува сланина, шунка и колбаси го зголемува ризикот од срцева слабост. Сепак, кардиологот истакнува дека сланината не е најлошата храна, туку колбасот. Содржи повеќе заситени масти.

„Затоа можеби ќе се чувствувате малку подобро ако за појадок испржите неколку парчиња сланина со јајца“, вели кардиологот.

Црвено месо

Црвеното месо е богато со холестерол и заситени масти.

“За да бидете на безбедна страна, ограничете го внесот на посно црвено месо на помалку од 10 отсто од вашата исхрана. Истото важи и за свинското”, предупредува докторот.

Најголемата американска студија за црвено месо потврди дека луѓето кои јадат големи количини црвено месо имаат висок ризик од кардиоваскуларни болести и рак. Луѓето чија исхрана вклучува повеќе бело месо, како пилешко и риба, живеат поздрав и подолг живот.