Три македонски кинотечни филмови на 25. Фестивал „Нитрат“ во Белград


Кинотеката на Република Северна Македонија вечер во Белград, на 25. издание на Фестивалот на нитратен филм, ќе се претстави со посебна програма. Прикажани ќе бидат првите три македонски, крусометражни играни филмови снимени во 1957 година. 

Станува збор за 18-минутните филмови „Бунт на куклите“ според сценариото и снимателката работа на Љубе Петковски во режија на Димитрие Османли, „Сонце зад решетки“ според сценариото (според сопствениот расказ “Едно жешко јулско пладне”) и во режија на Славко Јаневски, со снимател Бранко Михајловски, како и за 25-минутниот „Подарокот на веселиот  молер“ што според расказ на писателот од Војводина Михаљ Мајтени го режирал Димитар Ќостаров, додека снимател е Киро Билбуловски. Трите филмови беа предвидени да го сочинуваат првиот македонски омнибус филм. Трите филмови биле снимени истата година, но не биле споени во замислениот омнибус  за кој македонската Кинотека поседува повеќе документи и написи. Меѓу останатото убаво сведоштво е и една од знаменитите колективни карикатури на Василие Поповиќ-Цицо во кој се претставени авторите и соработниците на првиот македонски омнибус. Така, спојување на трите филма во еден вид „кинотечна премиера“ се случува сега, и тоа како фестивалски настан. 

Филмот, кој е прво играно истварување на македонски автори, Кинотеката на Северна Македонија го опреми со текстуална најава, е именуван “Омнибус 1957”. Музиката на првите два филма е на Ладислав Палфи, а на третиот Трајко Прокопиев. Во последните два филма настапува Јован Ицмарев, своевремено познат како кловнот Кики од Скопскиот циркус кој фунционирал две сезони во раните 1950-ти, додека во „Бунтот на кулклите“ главната улога ја игра младиот Емил Рубен. Монтажата на трите филма е на Драги Панков. 

Фестивалот на нитратниот филм се одржува од 6 до 15 јуни во Југословенската кинотека во Белград и на него ќе бидат прикажани вкупно 43 остварувања од 23 земји на Европа, Азија и Северна Америка. Фестивалот традиционално се отвора на Денот на Југословенската кинотека, кој воедно го означува почетокот на прикажувањето филмови во Белград и на Балканот. Според директорот на Фестивалот, филмологот Александар Саша Ердељановиќ, набавени се повеќе ремек-дела, новооткриени филмови и новоизработени филмски копии. Присутни се сите жантови – комедии, историски филмови, драми, спектакли, кукла-филмови.

Меѓу големите творечки имиња 25. „Нитрат“ ќе ги прикаже филмовите на великаните Ернст Лубич, Мориц Стилер, Џејмс Круз, Виктор Туржански, Вернер Хохбаум, Михаил Калатозов, Марио Моничели,…