Три лица загинаа во заложничка криза со пукање во Флорида
Три лица загинаа во пукање и заложничка криза на собир на анонимни зависници од дрога во Флорида, соопшти денеска полицијата.
Полициските службеници одговорија на пријавата синоќа дека маж бил застрелан и жена земена како заложник во Еџвотер, во близина на плажата Дејтон, пренесува АП.
Другите кои присуствувале на собирот успеале да побегнат од канцелариите на невладината Буди Мост, непрофитна организација која им помага на бездомниците и наркозависниците да започнат нов живот.
Полицијата на Еџвотер во објава на својата Фејсбук страница соопшти дека истражителите веруваат дека станува збор за семејна трагедија.
Полицајците се обиделе да остварат контакт со осомничениот за да преговараат, пред да упадне тимот за специјални операции во зградата, но во канцелариите го пронашле напаѓачот и уште две лица без знаци на живот, се вели во соопштението.