Три лица загинаа при уривање на мал авион во Бразил


Најмалку три лица загинаа кога мал авион се урна набргу по полетувањето во бразилскиот град Бело Хориозонте, соопштија локалните власти.

Авионот со еден мотор при падот удрил во три автомобили во станбен кварт кои се запалиле.

Според началникот на пожарникарите, едно лице загинало на улица, едно било во автомобил што го погодил авионот, додека третото лице загинало во авионот.

Други три лица се пренесени во болницата со изгореници.

Авионот од типот „Цирус“ бил произведен во 2007 година и може да прими три лица.

Според локалните медиуми, во авионот во моментот на несреќата имало пилот и уште три лица.