Три лица, од кои двајца полицајци, убиени во пукотница во Квинсленд


 Тројца мажи, од кои двајца полицајци, се убиени во пукање во затскриен имот во Квинсленд, во Австралија.

Во моментот на пукањето, на имотот имало четворица полицајци, кои реагирале на пријава за исчезнато лице во Виамбила, јавува Би-Би-Си.

Полицијата се уште не соопштува детали за тоа како дошло до пукањето. На прес-конференцијата само кажаа дека сторителите се во бегство, а локалните жители се советувани да останат во своите домови „до ново известување“.

Катарина Керол, портпаролка на полицијата во Квинсленд, изјави дека е во тек голема полициска потрага во која се вклучени специјалните и воздухопловните сили. Таа додаде дека ова е најголемата загуба на животи во инциденти што се забележани во оваа земја во последно време и им оддаде почит на полицајците кои „ја поднесоа крајната жртва за нашата заедница да ја зачуваат безбедна“.

Министерот за полиција на Квинсленд, Марк Рајан, го опиша инцидентот како „трауматичен и катастрофален настан за заедницата“.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека ова е „ срцепарателен ден за семејствата и пријателите“ на полицајците од Квинсленд кои ги загубија животите додека ја извршуваа својата должност.