Три Кинески го посетиле родното место на Лука Модриќ, немале поим што ги чека таму


Три Кинески дојдоа од другата страна на светот само за Лука Модриќ. Тие го посетија неговото родно место во Затон Обровачки, а во Загреб го следеа мечот со Ерменија. Очекуваа да видат музеј, но на Велебит ги пречека уништена куќа околу која просторот сѐ уште беше миниран.

Тео Кањер од Задар, сопственик на туристичката агенција „Далма травел“ за „Слободна Далмација“ ги раскажа деталите од нивната посета.

„На пат кон Затон Обровачки ме прашаа дали ќе купиме билети на лице место или онлајн, мислам дека немаа најдобра идеја што ги чека таму. Очекуваа некаков вид музеј или барем место каде што би  можеле да погледнат слики од времето кога Лука растел таму. Кога стигнавме таму ги пречека само празна руина. Но, тие не се разочараа, го фотографираа секој детал. Искрено, се плашев да не шетаат премногу поради мините“, вели Кањер.

Потоа заминаа на стадионот НК Задар каде Модриќ ги направи првите фудбалски чекори.

„На влезот на стадионот има катанец, па мораа да го фотографираат тревникот низ решетките. Никаде нема жива душа, ништо не им беше јасно. Но, веднаш ја препознаа сликата на Хрвоје Ќустиќ, преку објавите на Лука на социјалните мрежи. Знаат сѐ за трагедијата на неговиот другар. А мене ми е срам што немам што да им покажам. Доволно е да ти кажам дека мислеа дека дуќанот за опрема за гаснење пожар мислеа дека е фан шоп на Лука бидејќи тоа е најмалку што очекуваш на местото каде порасна еден од најдобрите фудбалери на денешницата“, додаде Канјер.

Детството Лука Модриќ го поминал во Модриќи кај Затон Обровачки, а на 18 декември 1991 година четници упаднале во селото и го убиле дедото на Лука и ја запалиле куќата. По погребот, родителите Стипе и Радојка и малиот Лука некако успеале да побегнат во Задар. Како бегалци, Модриќ се населиле во Задар, во хотелот „Иж“, а Лука ги направил првите фудбалски чекори во клубот од Станови.

Патот потоа го однесе во загрепски Динамо, од каде беше позајмен на мостарски Зрињски и Интер од Запрешиќ. По враќањето во редовите на сините, тој стана еден од клучните играчи, со што во 2008 година го обезбеди неговиот трансфер во Тотенхем.

Конечно, во 2012 година се пресели во Реал Мадрид, каде што остави неизбришлива трага цели девет години, а во 2018 година ја освои и Златната топка за најдобар светски фудбалер.