Три хороскопски знаци кои се големи „нарциси“


Според астрологијата, овие три хороскопски знаци секогаш ќе им даваат до знаење на другите колку се добри, колку се одлични во нешто што го прават и уживаат да бидат во центарот на вниманието, а сакаат и да „делат памет“.

Овен
Првиот знак од зодијакот, како и најогнениот, има многу доблести, но и една огромна мана која ги мачи речиси сите, а тоа е нарцизмот. Иако е добро и здраво да се сакате себеси, припадниците на овој знак често претеруваат и одат дотаму што се гледаат себеси како победник, паметен тип, најубавата и посебна личност на светот. Освен што тоа може да ги чини на ниво на пријателство, тие можат лошо да поминат и во љубовта.

Вага
Вагата се смета за еден од најповршните знаци. Како големи естети, тие ги сакаат убавите нешта и убавите луѓе, а може да се каже дека го набљудуваат светот и себе си. Обожаваат да привлекуваат внимание од другите луѓе и очекуваат посебен третман. Припадниците на овој знак често зборуваат за своите успеси, а често и претеруваат. Не е важно дали сте направиле нешто толку добро како таа, Вагата ќе ви каже дека тоа го направила подобро.

Лав
Огнените Лавови се познати по својата егоцентричност и се чини дека тоа не се ни обидуваат да го сокријат од другите. Тие искрено се восхитуваат на самите себе, сакаат да бидат во центарот на вниманието и често знаат сè најдобро. Колку Лавовите сакаат да имаат добра репутација во општеството, покажува фактот дека тие би се согласиле да направат нешто за другите само за добро да се зборува за нив.