„Три генерации македонска мода“: Првата дама Ѓоргиевска го поддржува културното наследство


На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, а во соработка со професори при Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, синоќа во Кабинетот на претседателот се одржа настанот „Три генерации македонска мода – пренесување на знаење“.

Излагање на Лидија Георгиева

Во своето обраќање до присутните на настанот, сопругата на претседателот истакна дека соработката со Технолошко-металуршкиот факултет започна со отворањето на канцеларијата на претседателот МладиХаб во која беа изложени креации на млади студенти од овој факултет.

Излагање на Зорица Тодорова-Младеновиќ

„Понатаму оваа поддршка продолжува и во тој контекст е и овој денешен настан „Три генерации мода“, да се вратиме на почетоците на дизајнот во Северна Македонија, она што се случувало во минатото, моменталната состојба, но ќе имаме можност да видиме и кои се перспективите на младите генерации“, истакна г-а Ѓоргиевска.

Излагање на апсолвентката на ТМФ Љубица Беќарова

За работата со студентите по дизајн во изминатите осум години на настанот говореше професорката и дизајнер Лидија Георгиева, додека професорката во пензија и костимограф Зорка Тодорова –Младеновиќ ја претстави својата книга  „Како да станам моден дизајнер“ и имаше своја презентација за модата во изминатите неколку децении.

излагање на апсолвентката на ТМФ Катерина Димитровска

Апсолвентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет, Љубица Беќарова и Катерина Димитровска на присутните гости им презентираа дел од своите креации во склоп на факултетот со коишто се претставија на модни настани и надвор од земјава, а го претставија и сè поактуелниот еколошки момент во дизајнот и грижата за животната средина преку своите креации од рециклиран материјал.

Целта на овој настан на којшто присуствуваа различни генерации на љубители и креатори на модата во нашата земја е да се промовираат младите дизајнери, да се даде поддршка на развивањето и унапредувањето на македонскиот дизајн, а преку него и заштита на културното наследство и воедно промоција на текстилната индустрија која има важен удел во развојот на економијата во земјава.