Три генерации Кардашијан на новогодишната честитка


САД- За разлика од претходните години и скапите дизајнерски парчиња, Ким Кардашијан и нејзиното семејство оваа година за традиционалната божиќна фотографија- 27 по ред,  беа облечени во тренерки. Сето ова е малку необично, со оглед на тоа што секогаш имаме можност да ги гледаме во „глам“ изданија.

Оваа година 47-годишната Ким се одлучила за малку поскромна верзија на божиќната честитка. Кардашијан позираше со своите деца Норт, Сент, Чикаго и Псалм, нејзината мајка Крис Џенер, сестрата Клои и нејзината ќерка Тру, како и ќерката на Роб, Дрим.