Три експлозии одекнаа во Стокхолм ноќеска


Полицијата на Шведска ги истражува трите експлозии што одекнаа во главниот град ноќеска по 2 часот.

полицијата била повикана по експлозијата што се случила во 2.19 часот во населбата Содермалм. Островот е познат како „хипстерска област“, а таму се сместени бројни ресторани и продавници.

Противббомбашкиот оддел на полицијата и форензичари се на местото од рано утрово и истражуваат што се случило. од полицијата соопштија дека не било познато од што настанала екслозијата, дали од протекување на гас или експлозивна направа.

Никој не е повреден, но причинета е материјална штета на прозорците на околните згради.

Полицијата не нареди евакуација на зградата каде се случи експлозијата.

полицијата ноќта била повикана уште за две експлозии, една пред народниот музеј во Ваксхолм, а другата во близина на Сириската православна црква во Содертаље.

Никој не е повреден во експлозиите, а не се знае дали експлозиите се поврзани.