Три автомобили и автобус се судриле во Сопиште

Фото: Б.Грданоски

Во петокот, во 18.20 часот било пријавено дека во Сопиште-скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(36) од Скопје, патничко моторно возило “матиз“ со скопски регистарски ознаки,, управувано од И.Б.(47) од Скопје, патничко моторно возило “цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Ѓ.(70) од Скопје и автобус “лаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(40) од Скопје.

Во незгода со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “фиат пунто“ Б.А.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле Д.А., И.Б. и сопатник од возилото “матиз“ на возраст од 16 години од Скопје констатирани во Градската опшата болница “Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.