Три 34-годишни жени нападнати од своите сопрузи


Во два дена, полицискиот билтен регистрира напади од сопрузите врз три жени на иста возраст, во три различни града во земјава. Едната е и силувана, а на едната ѝ настрадале и малолетните деца од претходниот брак.

Имено, во неделата во 7.15 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.К.(42) од Скопје, поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга и нејзините три малолетни деца од претходниот брак. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Во саботата, во 17.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Х.(38) од Велес, поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќта во неделата, во 2.10 часот во Полициската станица Гостивар, 34 -годишна жена од Гостивар пријавила дека А.С.(49) од Гостивар, со кого живеела во вонбрачна заедница, физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.