Тревога за воздушен напад во Киев


Во Киев пред неколку минути се вклучила тревога за воздушен напад.

Во текот на изминатата ноќ Русија изврши напади врз Киев во кои загинаа три лица, меѓу кои и едно дете, а шест лица беа повредени.

– Сите воздушни цели што ги пресретнавме беа уништени од нашите сили и средства за противвоздушна одбрана, соопшти градската управа. Сепак, остатоците што паднале резултираа со жртви и повредени.

Според локалните власти, Русија во нападот користела крстаречки и балистички ракети.