Тревога во Хрватска – денеска најмалку 70 заразени од корона


Телевизијата Н1 пред малку јави дека во Хрватска е објавен знак на голема тревога, затоа што денес, според неофицијалните информации, имало најмалку 70 заболени од корона вирусот. Официјалните бројки ќе бидат соопштени подоцна во денот.

Како што пишуваат хрватските медиуми, случаи со корона вирусот има речиси насекаде во државата, а најмногу во Загреб. Во Задар заразени се четири лица, но ниту едно не било поврзано со тенискиот турнир.

Вчера во Хрватска беа пријавени 22 нови случаи на корона, така што денешната бројка би била драматичен скок нагоре.