Тревога во Хрватска – денеска 95 новозаразени од корона


Преглед на бројката на случаи со корона во Хрватска по денови од почетокот на епидемијата

Во Хрватска е објавен знак на голема тревога, затоа што денеска има 95 заболени од корона вирусот. Како што пишуваат хрватските медиуми, случаи со корона вирусот има речиси насекаде во државата, а најмногу во осиечката жупанија, дури 40, а во Загреб инфицирани се 25 лица. Вирусот влезе во една градинка во Загреб, каде е заразено едно дете, а 15 се во замоизолација.Во Задар заразени се четири лица, но ниту едно не било поврзано со тенискиот турнир.

Ова е втор најголем број дневни случаи на инфекции со корона вирусот од почетокот на епидемијата во Хрватска. Најголем број дневни случаи имаше на 1 април – 96.

Вчера во Хрватска беа пријавени 22 нови случаи на корона, така што денешната бројка е драматичен скок нагоре.