Трето издание на поетската манифестација „Валандовско поетикување“


 Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со Општина Валандово вечер во 19:30 часот во Домот на културата „25 Mај“ во Валандово го организираат третото издание на книжевната манифестација „Валандовско поетикување“.

-Од исклучителна важност се ваквите книжевни манифестации кои се одговор на стратегиите за децентрализација на културата, а се реализираат со цел за подигнување на духот на граѓаните, нивно позитивно анимирање и оттргнување од секојдневните проблеми со кои секој од нас се соочува, велат организаторите.

На поетското читање планирано е да настапат десетмина реномирани поети и автори од Струмица, Валандово и регионот, познати на книжевната јавност, а најавен е и поетот Петрос Голицис од Грција.