Третиот најголем дијамант во светот откриен во Боцвана


Претседателот на Боцвана, Мокветси Масиси, го разгледува дијамантот кој има 1.098 карати (Фото: АФП)

Дијамантската фирма „Дебсвана“ објави дека открила во Боцвана дијамант од 1.098 карати што го опиша како трет по големина од ваков вид во светот.

Компанијата му го покажа каменот, кој беше пронајден на 1 јуни, на претседателот на земјата, Мокветси Масиси, во главниот град Габороне.

„Се верува дека тоа е третото најголемо откритие со квалитет на скапоцени камења во светот“, рече директорот на „Дебсвана“, Линет Амстронг.

„Реткиот и извонреден камен… значи толку многу во контекстот на дијамантите и Боцвана“, рече таа. „Тоа носи надеж за нација која се страда“.

Најголемиот дијамант на светот бил 3.106 каратниот Кулинан, пронајден во Јужна Африка во 1905 година.

Втор по големина беше 1.109 каратната Леседи Ла Рона, откриена во Кароу во северо-источна Боцвана во 2015 година.

Боцвана е водечки производител на дијаманти во Африка. (АФП)