Трет мандат за Бах на чело на МОК
Швајцарија – Германецот Томас Бах повторно е избран за претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), на чие чело е од 2013 година со мандат од четири години.
Олимписки првак во мечување од Игрите во Монтреал во 1976 година и адвокат по професија, Бах беше единствен кандидат, добивајќи поддршка од 93 членови на МОК на видео-конференциско
Бах по изборот повтори дека Олимписките игри во Токио ова лето ќе бидат „безбедни“ и покрај пандемијата на коронавирус и строгите здравствени мерки.
-Токио и натаму е најдобриот град домаќин во олимписката историја и, засега, немаме причина да се сомневаме дека свеченото отворање ќе се одржи на 23 јули, изјави Бах.