Тренерот на ПСЖ е уморен од однесувањето на Нејмар


Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел ги цени фудбалските квалитети на Нејмар, но е уморен од долготрајните конфликтни ситуации со неговото учество, пренесе „Мундо Депортиво“. 45-годишниот германски стручњак е незадоволен од тоа како 27-годишниот Бразилец се однесува со своите соиграчи.

Скандалот со силувањето не игра посебна улога во оваа ситуација. Тренерот на ПСЖ сака да изгради организиран тим, но Нејмар често не ги слуша неговите инструкции.

Бразилецот се повреди во пријателски натпревар со Катар и ќе ја пропушти Копа Америка. Во сезоната 2018/19,офанзивниот фудбалер забележа 28 натпревари во дресот на ПСЖ, постигна 23 гола и даде 13 асистенции.