Тренерот на Џенова пред отказ

Тренерот на италијанскиот фудбалски клуб Џенова, Роландо Маран може да се повлече од функцијата, пренесува „Фудбал Италија“.

Според изворот, 57-годишниот стручњак е пред заминување од клубот за кој настапува и Горан Пандев, поради лошите резултати.

Џенова синоќа загуби од Парма и остана на само еден триумф од девет натпревари во Серија А и двапати ремизираше.

Главен претендент за наследник на Маран е поранешниот тренер на СПАЛ, Леонардо Семпличи.

Џенова со пет бода во моментов е на 19. место во поредокот во Серија А.