Трендафилов објави видео како Стојаноска го поддржува. Но во 2022, кога беше во опозиција


 

Пратеничката Дафина Стојаносака го нападна лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов, а тој ѝ возврати и со еден видео прилог цо кој таа им дава поддршка на нивните протести.

Трендафилов на социјалните мрежи сподели видеоснимка од ТВ-прилог на која може да се види и слушне како пратеничката на ВМРО-ДПМНЕдава поддршка на штрајкот што ССМ го организираше во јуни 2022 година, а со кој синдикалците бараа зголемување на платите на вработените во јавниот сектор.

Снимката, која е од прилог на ТВ 24, Трендафилов ја сподели откако се најде во отворен конфликт со пратеничката, што уследи по блокадата на парлементод од страна на ССМ за да издејствуваат зголемување на минималната плата на 600 евра и покачување на сите плати за 6.000 денари.

По блокадата на ССМ на Собранието во вторникот, пратеничката Стојаноска на социјалните мрежи објави снимка на која се гледа Трендафилов со своите две деца како влегуваат во автомобил. Во описот на видеото таа наведе дека лидерот на ССМ со службено возило извршува приватни обврски.

Во видеото, пак, што го објави Трендафилов може да се слушне дел од обраќањето на Дафина Стојаноска пред Собранието (и тогаш беше пратеничка, само во опозиција) во кое ги поддржува барањата на ССМ за покачување на платите во јавниот сектор.  

 

Стојаноска тогаш им дава поддршка на синдикалците за време на една од нивните блокади на Собранието во рамките на протестите.

На протестот, покрај Стојаноска, може да се забележи и присуството на нејзините колеги и сопартијци, Бојан Стојаноски и Тони Јаревски.

Во описот на видеото, Трендафилов цитира дел од тогашното обраќање на Стојаноска во кое таа ја критикува владата предводена од СДСМ, велејќи: „Тие се продуценти на кризи, не можат да се справат со кризите и затоа ќе им се случува ова што ќе им се случува“.

Во продолжение е транскриптот од обраќањето на пратеничката до синдикалците за време на еден од протестите во 2022 година.

,,Ветувањата ќе мора еден ден да ги реализираат, тој ден не да доаѓа туку е поминат, нема бегање од тоа, нивна е одговорноста. Тие се продуценти на кризи, не можат да се справат со кризите затоа ќе им се случува ова што ќе им се случува и го презедовме целиот тој ризик свесни дека можеби ова наше доаѓање тука ќе го протолкуваат како политизирање на вашиот настан, што апсолутно го демантираме бидејќи ние сме претставници на народот“, вели Стојаноска во видеото.