Трендафилов: Нечовечка е платата од 22.567 денари, а таа од 1 денар до минимална е кривично дело


Утре ќе биде сто и првиот ден од новата Влада и повторно нема да биде ништо сменето, вели првиот синдикалец Слободан Трендафилов, кој истакна дека сѐ уште немале седница на Економско социјланиот совет, за да бидат информирани што се направило досега во првите 100 дена Влада, а и за да ги изнесат своите барања.

– Сметавме дека во првите 100 дена од Владата требаше да седнеме заедно на заедничка маса и да ги разговараме сите битни прашања, како растот на платите кое беше потребно да се случи вчера, а денеска веројатно ќе биде доцна. На 1 мај истакнавме повеќе барања, а меѓу нив беше и барањето за раст на минималната плата. Сметаме дека аргументите се токму на страната на работниците, сметаме дека 25.000 работници во државата, кои земаат 22.567 денари е некоректно, односно нечовечки да ја примаат како таква. Сметам дека 10.000 работници кои примаат плата од 1 денар до 22.567 денари е кривично дело да го прават тоа работодавачите и сметаме дека доколку за да покриете една минимална синдикална кошничка ви се потребни веќе три минимални плати, дека аргументите наши се издржани и дека делот за храна и пијалоци, кој е веќе дваедет и две-три илјади денари – една минимална плата не покрива ниту хрна, леб и вода, рече Трендафилов пред почетокот на конференција на тема “Социјален дијалог – состојба, перспективи и предизвици”. 

Тој наскоро очекува да се одржи седница не Економскиот социјален совет, а ССМ понатану ќе даде поддршка на сите синдикати во нивната борба за повисоки плати во секторите каде ги застапуваат работниците, а минималната плата е нешто што треба да се случи во најскоро време.

И од Организацијата на работодавачи на Македонија со став дека очекувале Владата да има сенс за нивните проблеми со кои се соочуваат во текот на работењето како што се зголемување на продуктивноста, немањето работна сила и инфраструктурата. 

– Она што очекувавме беа многу високи очекувања, но не добивме речиси ништо. Очекувавме дека оваа Влада ќе има сенс за бизнисот, за сите оние кризи со кои се соочуваме, меѓутоа она што се зборуваше во изминатиот период беше само зголемување на платите на јавната администрација, земање на кредити за општините, заобиколување на проблемите со кои се соочува стопанството во делот на продуктивноста и немањето на работна сила што значи со еден збор ништо, изјави претседателката на ОРМ Владанка Трајкоска.

Работодавачите, како што посочи, немаат никаква конкретна информација на кој начин и под кои услови ќе може бизнис секторот да ги користи парите од  унгарскиот кредит.

–  Се вели дека ќе биде за некакви инвестиции во работењето но се додека немаме конкретна информација и на кој начин ќе се стигнува до тие кредити, ние не можеме ништо да говориме, вели Трајкоска.  

Денешната конференција посветена на состојбата и перспективите на социјалниот дијалог иницирана од Сојузот на синдикати на Македонија на едно место ги собра сите социјални партнери (синдикатите, работодавачите и владата).